ОФИЦИЈАЛНО: Џенова го отпушти Шевченко по 11 натпревари

147

Ништо и од Андреј Шевченко. Поранешниот фудбалски ас и екс-селектор на Украина дојде во Џенова на 7 новември за да го крене тимот кој се мачеше под водство на Давиде Балардини меѓутоа не успеа. По само 11 натпревари, Шевченко заминува од кормилото на Џенова.

Клубот му се заблагодари на Украинецот и објави дека додека не се најде перманентно решение тимот ќе го предводи тренерот на У17 тимот Абдулај Конко.

Претходно првиот човек на клубот велеше дека ќе биде трпелив со Шевченко ќе му даде време и ќе го засили тимот во јануарскиот преоден рок, но елиминацијата од Купот од Милан (3:1) беше капка која ја прели чашата на незадоволство и по која беше одлучено Шева да си оди.

 

ПретходноРеал остана без Алаба за финалето на Суперкупот
СледноПријателска во Анталија: Шкендија одигра 2:2 против Шиофок од Унгарија!