Играчот од средниот ред Андреа Бертолачи е нов член на турскиот Суперлигаш Кајзериспор. Тој всушност го смени клубот во Турција, во декември 2020 потпиша за Караѓумрук, а сега се сели во Кајзери. Со новиот клуб потпиша договор на 2,5 години.
Тој е дете на Рома но никогаш не заигра за првиот тим на овој клуб. Беше позајмен две сезони во Лече, а потоа направи трансфер во Џенова каде ги имаше и најдобрите моменти во кариерата.
Во 2015 отиде во Милан каде не се снајде, па од таму отиде во Сампдорија каде одигра една сезона и потоа реши да игра за Караѓумрук во турската Суперлига. За овој клуб минатата сезона одигра 22 меча и даде да гола, а во оваа запиша седум гола во девет натпревари.
Бертолачи има настапи за сите младински селекции на Италија како и пет настапи за А селекцијата на „Аѕурите“.