Велкоски со гол во пенал-рулетот за Куп трофеј за Сараево

226

Фудбалерите на Сараево го победија Борац од Бања Лука  на пенали и го освоија Купот на БиХ. По 120 минути игра мечот заврши без голови, па победникот мораше да се реши од белата точка.

Веќе во првите две серии, фудбалерите на Бања Лука не го реализираа својот пенал и веќе беше 2-0 за Сараево.

Решавачкиот пенал за Сараево го постигна Ханџиќ за вкупен резултат од 4:1, а нашиот репрезентативец Крсте Велковски погоди во втората серија.

Ова е седми трофеј во Купот за тимот од Кошево, додека Борац остана без двојната круна, бидејќи викендов станаа шампиони на БиХ, првпат по десет години.

ПретходноБутел по голема драма му зеде бод на Т.Пролет
СледноТодоровски и Целески со Теута се нови шампиони на Албанија