Заврши сагата околку најдобриот тенисер во светот. Новак Ѓоковиќ ја изгуби битката со Федералниот суд, сепак нема да настапи на Австралија опен и да ја брани титулата.
Одлуката на тројцата судии Дејвид Џон О’Калахан, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко е едногласна, тие досудија во корист на министерот за имиграција, Алекс Хок да го протераат Ѓоковиќ од Австралија и ја укинат неговата виза за Австралија, па сега следи депортација од оваа земја.
Покрај ова Ноле најверојатно ќе добие забрана за влез во оваа земја од три години.
Судиите сметаат дека тој е опасност за ширење на антиваксерското движење во нивната земја. Судењето траеше повеќе од пет часа.
BREAKING: Tennis star Novak Djokovic loses fight against Australia deportation https://t.co/gUGKZM9teh pic.twitter.com/I9ljV5nV21
— Al Jazeera English (@AJEnglish) January 16, 2022