Тиквеш супериорно против Брегалница

13

Во првиот меч од новото ПМФЛ 9. коло кое што се игра викендов, тимот на Тиквеш на домашен терен со високи убедливи и заслужени 3:0 ја совлада Брегалница.

Мечот имаше само еден тек, а тоа беше во насока на домашна победа. Четвртата победа на тимот од Кавадарци оваа сезона е плод на раното водство кое што го донесе Лавал со голот со глава уште во третата минута

Се беше речиси готово уште во 16. минута кога по една брз контра на домашните, Темелков наместо да расчисти си постигна ефектен автогол.

Потоа домаќинот рутински го водеше мечот со воја корист не дозволувајќи речиси никаква опасност кон своето високо водство.

Во вториот дел, иста приказна. Измените на обете страни, особено оние гостинските не донесоа посебни промени на подобро. Во самиот финиш Лусианињо ги постави конечните 3:0 на овој меч.

Со оваа победа Тиквеш има шеснаесет бодови и е во моментов трет, додека Брегалница е во проблем и е на седмата позиција со 10 поени.

 

ПретходноМЗТ Скопје на тест на „жешкиот“ терен во Гевгелија, Куманово и Штип по прва победа!