Вистинско лудило беше вечерва во „Арената“ Феникс. Иако Македонија беше немоќна против Данска и со три порази се збогува со ова Европско првенство, сепак оние кои ги запалија своите автомобили или пак дојдоа со автобуси, на трибините „грмеа“ како да се пласиравме во главната рунда.
Песни се пееја од првата до последната минута. Ги поздравија и испратија ракометарите како да се херои. Имаат не десетка, стотка – за фештата која ја направија во изминатите денови, за тоа што не се штедеа….
Капа доле за сите!