И дефинитивно Струга Трим Лум главната фаза од тековните подготовки ќе ги одработува во Драч (Албанија), каде што бепе и лани. Опција до последен момент беше и Анталија, но сепак раководството на стружано одлучи од 22 јануари до 3 февруари фудбалерите и стручниот штаб на чело со Срѓан Захариевски да се подготвуваат во Драч.
Во текот на тие подготовки планирани се неколку пријателски средби, но засега закажан е тестот со Феризај, тим од Косово, меч кој ќе се одигра на 24 јануари.
Претходно Струга Трим Лум, пред заминувањето во Драчм на 21 јануари ќе го одмери силите со Ренова.