Постолов е новиот координатор на младинската школа на Академија Пандев

865

Борче Постолов e поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев. Иако изминатите месец дена беа динамични со промените во сениорскиот тим, сепак паралелно во струмичкиот клуб се работи и на подигање на квалитетот на младинската школа.

За таа цел во наредниот период организацијата во младинската школа ќе ја има Борче Постолов, кој во изминатите 10 години со фудбалската школа Академија Постолов-Пандев која е филијала на Академија Пандев во Штип, постигна одлични резултати.

 

ПретходноНант го испочитува Лазаров по завршувањето на ЕУРО
СледноСерија А има нов Ковид-протокол: Одложување на меч само со 9 или повеќе заразени играчи