Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Бренфорд со 1-3 во рамките на 17. коло во Премиер-лигата. Во 71. минута тренерот на гостите Ралф Рангник го извади од игра Кристијано Роналдо на негово место влезе Хари Мегваер.
Овој потег не му се допадна на португалскиот фудбалер, тоа можеше да се види од неговата гримаса.
По мечот предводникот на Јунајтед се правдаше за својата одлука.
„Мислам дека тоа е нормална одлука. Водевме со 2-0 и на претходниот меч со Астон Вила. Почувствував дека е подобро да ја браниме предноста на теренот со три стопери. Роналдо е напаѓач и тој сака да дава голови, но мораме да имаме на ум дека за три дена не чека нов меч“, изјави германскиот стручњак.
“Why did you take me off?” @Cristiano 🥸 pic.twitter.com/9hP5b1V3SN
— Maren 🇳🇴🔰 (@footballqueeen) January 19, 2022
Манчестер Јунајтед игра против Вест Хем во рамките на 23. коло во Премиер-лига.