Вујовиќ: Не знам зошто Македонците се толку разочарани, не се реални!

1360

Додека се подготвуваме за продолжението на Европското првенство поточно главната рунда, во која ниту на ова натпреварување нема да игра Македонија, во јавноста и натаму можат да се прочитаат бројни изјави за она што се случуваше во Дебрецен.

Еден од ние кои зборуваше токму за нашата група е поранешниот македонски селектор, Веселин Вујовиќ.

„Црна Гора на ниту еден меч не беше фаворит, но знаев дека ќе влезе машки во рамноправна завршница и ќе ја победи Словенија која нема карактер и нема дефиниран лидер. Не знам зошто е толкаво разочарувањето во Македонија после поразот од Црна Гора. Тоа како тие ги гледаат своите играчи и тимот, не е реално“, изјави Вујовиќ.

Според него Кирил Лазаров како селектор на Македонија нема да биде критикуван, бидејќи има голем авторитет.

„Кирил Лазаров е млад тренер и има огромен авторитет, па нема да биде критикуван“, вели Вујовиќ иако во јавноста по трите порази имаше бројни критики на сметка на Лазаров. 

ПретходноВанчо Мицевски: Секогаш сум тука за Пелистер!
СледноСава Радиќ нов член на Струга Трим Лум