Работнички денеска отпатува за Анталија каде ќе ја одрабори главната фаза во текот на овие подготовки. Експедицијата на клубот од Градски парк ќе биде во познатиот турски центар до 31 јануари за кога е закажано враќањето во Скопје.
Покрај тренинзите и воигрување на тимот за пролетниот дел, Работнички во Анталија планира и одигрување на две пријателски средби. Првата ќе биде на 23 јануари и тоа против Раков (Полска) и на 26 јануари со Краковија (Полска).
Во тимот кој што отпатува денеска за Анталија, беа и најновите засилувања Момчило Рашо и Драшко Ѓорѓевиќ.