Дали поради платата Барселона ќе го загуби и Араухо?

232

Роналд Араухо од лидер во одбраната на Барселона, станува нов проблем за управата. 22-годишниот Уругваец има договор со клубот до 30 јуни 2023 година и очекувано Барса сака да му го продолжи договорот.

Сепак, весникот „Спорт“ пишува дека првичните разговори веќе се започнати, но проблем се појавил кога Араухо изразил желба да добие поголема плата, која би била соодветна на неговата улога на теренот.

Сепак, изданието додава дека сумата нема да го направи еден од најдобро платените играчи на стадионот „Камп Ноу“, но може да биде сериозен проблем за и онака кревката финансиска ситуација во клубот. Барса сигурно ќе направи се за да го задржи Араухо, за кого лично се заинтересирал и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

ПретходноГамбија приреди сензација, познати осминафиналните двојки на КАН 2022
СледноЖота го однесе Ливерпул во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)