Парите се причината зошто Роналдо сака да си оди од Јунајтед!

1001

Кристијано Роналдо по се изгледа дури сега сфатил дека донел погрешна одлука што се врати во Манчестер Јунајтед. Тој е незадоволен на „Олд Трафорд“, тука нема никакви дилеми, познато е како реагираше на одлуката на стратегот Ралф Рангник на последниот меч да биде заменет.

Се шпекулира дека Роналдо им рекол на челниците на клубот дека ако Манчестер Јунајтед не се пласира во ЛШ за следната сезона, тој ќе мора да си оди.

Од друга страна дојде веста од Островот за тоа која е вистинската причина зошто Роналдо ова им го кажал на луѓето во клубот.

И, јасно е, причината се парите.

Имено во договорот кој Роналдо го потпишал стои клаузула која вели дека ако Јунајтед не се пласира во ЛШ, тогаш автоматски му се намалува платата на Португалецот за 25%. Па така ако Роналдо сега зема 480.000 фунти неделно, во случај да остане “ Олд Трафорд“, а Јунајтед не игра во ЛШ следната сезона, тогаш би земал “само“ 360.000 фунти неделно.

ПретходноИвановски постигна два гола за Динамо, но едниот му го поништија (видео)
СледноФранцуски рагбист пронајден мртов, се претпоставува дека се самоубил фрлајќи се од зграда