Дефанзивец на Порто со четири датуми на раѓање

205

Дефанзивецот на Порто и репрезентацијата на ДР Конго Шансел Мбемба ќе го напушти португалскиот клуб ова лето затоа што Порто не сака да го продолжи договорот иако е стандарден.

Мбемба има четири датуми на раѓање, поточно ист ден – 8. август но четири различни години.

Во пасошот му стои дека е роден на 8 август 1994 година и по тоа треба да има 27 години.

Според објавата на неговите другари тој е роден во 1990 година, додека во клубовите во кои настапувал во својата земја како датум на раѓање се води 1988 година.

Проблемот е и што во 2011 година ФФ на Конго го фалсификувала неговиот датум на раѓање на 1991 година за да игра за олимписката селекција.

Тој при трансферот од Андерлехт во Њукасл за 12 милиони евра морал да даде на анализа коскена срцевина за да се утврди возраста на играчот.

„Анализата јасно покажала дека сум роден 1994 година, тоа го знаат моите и моите другари. Очигледно, некои луѓе ми завидуваат што сум успешен па ми го прават ова“, нагласи Мбемба.

 

 

ПретходноАјнтрахт нокаутиран дома од Арминија (видео)
СледноОвој Бетис е спремен за ЛШ – чуда прави во Ла Лига, вечерва го демолира Еспањол (видео)