Евертон загуби, навивачите со шишиња погодија двајца играчи на Астон Вила (видео)

320

Евертон го отпушти Рафа Бенитез и е во потрага по нов стратег. На кормилото привремено седна легендата на клубот Данкан Фергусон но и тој не донесе нов ветер во редовите. „Карамелите“ денеска, во 23. коло на Премиер лигата загубија дома од Астон Вила со 0:1. Голот за победа го постигна Буендија во 45+3 минута на асистенција на екс-играчот на Евертон Лукас Дињ.

Навивачите збеснаа и почнаа да фрлаат шишиња на теренот, а притоа ги погодија во глава Дињ и Мети Кеш. По укажаната лекарска помош и двајцата го продолжија мечот, а на крајот Астон Вила си ги освои бодовите.

За Астон Вила ова е осма победа сезонава, а Евертон тоне и е на 16-тата.

ГОЛОТ НА БУЕНДИЈА НА ОВОЈ ЛИНК

ФРЛАЊЕ НА ШИШИЊА НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноДаниел Ацев до јуни ќе го носи дресот на суперлигашот Охрид!
СледноМомент за историја: Рајдинг и донесе на Британија прва победа во Светскиот куп!