Во Серија А се игра 23. коло, а таму попладнево Џенова и Удинезе одиграа без голови. Џенова продолжи со серијата на лоши резултати, а нема победа во првенството уште од септември кога го совлада Каљари со 2:1.
Удинезе по двата порази од Аталанта (6:2) и од Јувентус (2:0) и елиминацијата од Купот (од Лацио) освои бод во првенствен меч.
Инаку ова е трето реми меѓу Џенова и Удинезе, а второ по ред со 0:0.
Мечот го одбележа црвениот картон на играчот за врска на Џенова Андреа Камбијасо во 79. минута (набрзина два жолти картони), а македонските интернационалци во двата табори Горан Пандев и Илија Несторовски го преседоа мечот на клупата.