Секуловски: Пелистер е предизвик, посебно за нас битолчаните!

330

Марјан Секуловски, познатиот стратег кој има и интернационална кариера денеска бепе промовиран од страна на новото раководство на Пелистер, за нов стратег на битолската фудбалска гордост.

Популарниот Мане, како “дете“ на клубот, посебно е радосен и среќен што е дел од новиот проект на Пелистер.

На денешната промоција за “Битолањус“, Секуловски изјави…

Прво сакам да и се заблагодарам на новата управа за довербата која што ми ја укажа. Пелистер е секогаш предизвик, особено за нас битолчаните кои што го сакаме. Ситуацијата не е најсјајна, меѓутоа надежта последна умира. Наша задача е да го стабилизираме клубот, да биде рамноправен противник со другите и на секој натпревар да се потрудиме да освоиме бодови. Имаме три недели до почеток на првенството, во тој период би сакале да одиграме најмалку три контролни натпревари. Мислам дека во текот на следната недела ќе го консолидираме играчкиот кадар, ќе се потрудиме да донесеме квалитетни играчи и пак ќе речам наша цел на секој натпревар ќе биде да атакуваме на победа. Се надеваме дека ќе направиме добри резултати“.

Да кажеме и тоа дека денеска Пелистер го промовираше и своето прво засилување во преодниот рок, а тоа Едгар Али Натрант од Сенегал, кој доаѓа во Битола како позајмен играч на Шкупи.

ПретходноПресврт: Новак сепак ќе може да игра на Ролан Гарос!
СледноБез голови на “Олимпико“: По бод за Лацио и Аталанта…