Додев на радарот на Шкупи

1220

По заминувањето на Матеј Цветановски односно Кире Маркоски, тимот на Шкупи е во дефицит со крилни напаѓачи. Па така, есенскиот првак, кој во моментов е на подготовки во Анталија е во потрага по адекватна замена за гореспоменатите, и сеуште размислува дали тоа да биде играч од странство или од домашниот шампионат. Доколку се одлучат во Чаир за втората варијанта тоа многу веројатно може да биде во моментов играчот на Брегалница, Дарко Додев.

Екс Македонскиот младински репрезентатиец е на радарот на Шкупи, затоа што во него се гледа квалитет и капацитет да биде достојна замена пред се за Цветановски кој реално го понесе најголемиот товар кога стануав збор за игрите во есенскиот дел. Постигна доста голови, асистираше исто така, па нормално е сега Шкупи сака да доведе минимум ист квалитет на играч.

 

ПретходноБорец доведе засилување од Нефчи Баку (ВИДЕО)
СледноПрвакот по бодови во Гевгелија, можат ли „академците“ да го сопрат „залетаниот“ Пелистер?