Фојц победи во спустот во Кицбил, Елена Куртони најдобра во Кордина Д’Ампецо

129

Швајцарецот Беат Фојц ја забележа првата победа сезонава во Светскиот куп откако денеска на славната „Штрајф“ успеа да триумфира во спустот. На второто место се пласира уште еден Швајцарец и тоа Марко Одермат кој се уште е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп. Третото место му припадна на Австриецот Даниел Хеметсбергер.

Денеска се возеше третата трка во Кицбил, а во петокот во спустот победи Александер Амод Килде, во саботата историски триумф на Дејв Рајдинг во слалом, а денеска во спустот најдобар Фојц.

На 25 јануари е слаломот во Шладминг, а потоа натпреварувачите заминуваат во Пекинг каде голем дел од нив ќе учествуваат на Олимписките игри.

Во женска конкуренција во супер-џи во италијанскиот „Кордина Д’Ампецо“ победи домашната скијачка Елена Куртони. Таа беше најбрза пред Тамара Типлер од Австрија и Швајцарката Мишел Гисин. Во генералниот пласман Микаела Шифрин се уште е лидер.

На 24 јануари е следната трка и тоа супер-џи во италијански Кронплац.

ПретходноАрсенал не го победи „фенерџијата“, се уште нема триумф во новата година
СледноРеал губеше 0:2 од Елче до 82. минута, па извлече бод (видео)