Големото дерби на 23. коло од Серија А лигата меѓу Милан и Јувентус заврши со најнепопуларните 0:0. И двата тима имаа свои шанси, но до крајот не успеаја да искористат ниту една.
И Стефано Пиоли и Масимилијано Алегри не сакаа премногу да ризикуваат без разлика колку победата им беше потребна на двајцата. Милан беше подобар и поопасен во поголемиот дел од натпреварот, додека Јуве повеќе се потпираше на контранапади.
Натпреварот го одбележа повредата на Златан Ибрахимовиќ, кој во 28. минута му го препушти местото на Оливие Жиру.
Standings provided by SofaScore LiveScore