Шпанска „Марка“ денеска објави дека Манчестер Ј. успеа да обезбеди засилување од Франција. Станува збор за 22-годишниот фудбалер за врска на екипата на Олимпик (М), Бубакар Камара.
Трансферот ќе се реализира по завршувањето на сезоната, кога на Камара ќе му истече договорот со Французите и како слободен играч ќе се пресели во Манчестер. Тој на „Олд Трафорд“ доаѓа по барање на менаџерот Ралф Рангник кој инсистирал на негов ангажман.
Пазарната вредност на Камара се движи околу 25 милиони евра.