Јокановиќ нов тренер на Шефилд Јунајтед

225

Првиот странски тренер во 132. годишната историја на тимот на Шефилд Јунајтед е српскиот стратег Славиша Јокановиќ.

Јокановиќ потпиша тригодишен договор, и во првата официјална изјава рече дека е подготвен да го врати клубот во Премиер лигата, онаму каде што му е местото.

„Ќе бидам целосно посветен на идејата клубот да се врати во Премиер лигата односно да ги реализира зацртаните цели. Со помош на луѓето кои се блиски до клубот, и кои го сакаат сакаме да направиме од тимот неосвоива тврдина, и немам сомнеж дека и гласот на навивачите ќе прави огромна разлика“ – изјави Јокановиќ.

 

 

 

ПретходноМалкумина играчи на Јунајтед излегоа големи од поразот (ВИДЕО)
СледноМилан го промовираше наследникот на Донарума (ФОТО)