Американката Кејс е прва полуфиналистка на Австралија опен

95

Американската тенисерка Медисон Кејс е прва полуфиналистка на женскиот дел од Австралија Опен, откако во првото четврфинале утрово по два сета со 6:3, 6:2 ја совлада четвртата тенисерка во светот, Барбора Крејчикова.

Кејс кој амоментно е 51. тенисерка во светот, победата ја оствари за час и 25 минути.

Таа четирипати и го одзеде сервисот на Крејчикова, која направи еден брејк.

Шампионката на Ролан Гарос побара медицински тајм-аут во првиот сет поради жештините, бидејќи температурата во Мелбурн во еден момент достигна 30 степени.

Кејс во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот на првата фаворитка, Австралијката Ешли Барти и Американката Џесика Пегула.

ПретходноХоџсон ќе ја прекине пензијата за да седне на клупата на Ватфорд
СледноНи Јута не успеа да ги запре Букер и Пол, Феникс израмни рекорд стар 14 години (ВИДЕО)