Рангник во јуни си заминува: Манчестер Ј. има четири фаворити за нов менаџер

710

Ралф Рангник по се изгледа нема намера да остане на клупата на Манчестер Јунајтед и следната сезона. Германецот кој дојде да ја заврши сезоната на клупата на „ѓаволите“ најверојатно ги известил сопствениците дека нема да продолжи со работа на клупата и следната сезона, по што раководните луѓе на Манчестер Јунајтед почнале да прават потесен круг на кандидати за негов наследник во јуни.

Засега има четири имиња, од кои еден може да ги предводи „црвените ѓаволи“ следната сезона. Главни кандидати за пополнување на менаџерското место се Маурицио Покетино, Ерик тен Хаг, Луис Енрике и Хулен Лопетеги. Околку оваа четворка и ќе се водат разговорите во следниот период, а одлуката ќе биде донесена подоцна во текот на сезоната.

ПретходноБарти за само еден час си завери полуфинале на АО
СледноВо Камерун синоќа не се славеше: Во стампедо пред стадионот загинаа шест навивачи (ВИДЕО)