Во Камерун синоќа не се славеше: Во стампедо пред стадионот загинаа шест навивачи (ВИДЕО)

556

Камерун синоќа ги победи Комори со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, но таму ретко кој славеше. Во пресрет на натпреварот се случи страшна трагедија.

Многу камерунски навивачи се обидоа да влезат на стадионот да ги гледаат своите репрезентативци, но за жал, тоа доведе до стампедо во кое загинаа најмалку шест лица, пишува АП. Десетици луѓе се тешко повредени и пренесени во болница, а со оглед на нивната состојба, локалните медиуми пишуваат дека бројот на жртви може да се зголеми. Меѓу повредените има и деца.

„Некои од повредените се во многу тешка состојба. Ќе треба да ги евакуираме во специјализирани болници“, изјавила медицинска сестра од една од болниците каде се пренесени повредените.

Натпреварот се одигра на стадионот Олембе во главниот град на Камерун. Капацитетот на стадионот е 60.000 седишта, но бидејќи 80 отсто од билетите беа пуштени во продажба поради коронавирусот, тој беше намален за овој натпревар, но околу 50.000 луѓе побрзаа да влезат на стадионот, се создаде гужва, туркање и на крајот стампедото во кое имаше и жртви.

ПретходноРангник во јуни си заминува: Манчестер Ј. има четири фаворити за нов менаџер
СледноАко Шведска биде трета, најави дека нема да го игра мечот за 5. место?!