Тргнале на подготовки во Анталија, а успеале да стигнат само на 20 км од Истанбул, каде ги зафатил незапаметен снежен пекол. Вчера и денеска во Турција, а посебно во Истанбул снегот прави големи проблеми. А тоа на своја кожа најмогу го почувствувале фудбалерите на ФК Марица од Пловдив кои цела ноќ ја минале во автобусот кој бил “заробен“ од снегот на автопатот пред Истанбул. Фотографиите најдобро отсликуваат што навистина се случувало со играчите на бугарскиот клуб.