Сара Хектор трет пат најдобра во велеслалом (видео)

108

Швеѓанката Сара Хектор продолжува да изненадува во велеслаломските трки. Денеска триумфираше во велеслаломот во италијанскиот Кронплац што е нејзина трета победа сезонава во оваа дисциплина. Како потсетување таа беше најдобра во Крањска Гора и во Куршевел.

Па така во генералниот пласман во велеслаломот Хектор има 462 поени и е прва, а втора е Французинката Теса Ворли со 367 поени. Трета е Микаела Шифрин со 361 поен.

Инаку поредокот во Кронплац изгледаше вака: Прво место за Хектор, второ за Петра Влхова од Словачка и Теса Ворли од Франција.

На 29 и 30 јануари се вози спустот и супервелеслаломот во Гармиш-Паркенкирхен, а потоа скијачките одат на Олимпијадата во Пекинг.

 

ПретходноТој на Африканскиот куп, а другарот му ги полага испитите на факултет!
СледноГрузиецот Куција доаѓа во Работнички!