Кристијан Ериксен, репрезентативецот на Данска кој имаше несреќна епизода на ЕУРО 2020, деновиве тренира со Ајакс, со својот некогашен тим. Тој тренира во Амстердам пред најавениот трансфер во Премиер – лигата и тоа во составот на Брентфорт.
„Ова за мене е како враќање дома. Пресреќен сум што тренирам со младиот тим на Ајакс. Ова за мене е добро зошто можам токму тука да се вратам во добра форма во пресрет на евентуалниот трансфер“ изјави Данецот.
Инаку за разлика од Серија А, во Премиер -лигата е дозволено да се игра со специјалното апаратче за срцето кое сега го има Ериксен.