Коронавирусот ја нападна селекцијата на Холандија. Пред дуелот со Хрватска (18 часот), последен од главната фаза, најпријатното изненадување на Европското првенство остана без Томи Фалке.
Од претходно позитивни на Ковид-19 беше и најдобриот стрелец, Кај Смитс, а на листата се најдоа Самир Бенганем и Јаспер Адамс, како и еден физиотерапевт.
Во изолација е и селекторот Ерлингур Ричардсон, Холанѓаните останаа и без Бумхувер, Шунакер, Слуитерс, Шелекенс, Равенберген, Велде и тренерот на голманите Гери Еијлерс.
Хооландија е на последното место на табелата со два бода исто колку Црна Гора и Хрватска.