Нова монструозна партија на Јокиќ за историја, чудо на Клиперси во Вашингтон (ВИДЕО)

429

Никола Јокиќ продолжува со неверојатните партии во НБА-лигата. Српскиот центар беше причина за нова победа на Денвер, кој во само два дена повторно беше подобар од Детроит, овој пат со 110-105.

Јокиќ беше на асистенција до трипл-дабл. За 34. минути во игра постигна 28 поени, 21 скок и девет асистенции, додаде уште една украдена и три загубени топки. Ова е осми пат, четврти сезонава, да постигнува повеќе од 20 поени и скокови, тоа го прави лидер.

Центарот на Нагетси е првиот играч во историјата кој во првите 500. натпревари во најсилната лига во светот дошол до повеќе 5.000 скокови и 3.000 асистенции. На Јокиќ тоа му успеа во 494. меч во НБА-лигата, што го прави најдобар и во историјата на Денвер.

Покрај Јокиќ добра партија пружи и Грин со 20 поени и Гордон со 19 поени.

На останатите средби Клиперси успеаја да се вратат од негатива од 35 поени и да го совладаат Вашингтон со 115-116. Лук Кенард е херојот на тимот од ЛА, од десет метри постигна тројка за 112-115, откако на другата страна противникот не успеа да го искористи нападот, истиот играч одново беше прецизен за три поени, а доби и дополнително слободно фрлање за голема радост во редовите на неговиот тим.

Кенард средбата ја заврши со 25 поени, оусм скока и 6 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Денвер 105: 110

Филаделфија – Њу Орлеанс 117:107

Торонто – Шарлот 125: 113

Вашингтон – ЛА Клиперс 115:116

Бостон – Сакраменто 128:75

Бруклин – ЛА Лејкерс 96:106

Хјустон – Сан Антонио 104:134

Голден Стејт – Далас 130:92

Портланд – Минесота 107:109

ПретходноХоландија остана без уште еден играч за пресметката против Хрватска
СледноДиего Коста изненади со изборот на новиот клуб