„Сити Парк Бојс“ поставија транспарент пред Општина Центар (ФОТО)

668

Екипата на Работнички и покрај најавите од страна на старото раководство, а потоа ветувањата од новата владеечка гарнитура во Општина Центар дека најтрофејниот го чекаат убави денови, засега сето ова е само една фарса.

На првиот меч од продолжението од сезоната тимот од „Градски парк“ остана без странските засилувања кои си заминаа поради хаотичната финансиска состојба во клубот. На клупата го нема Тони Симиќ, кој има здравствени проблеми, а неофицијално оставка си поднел и Ѓорѓи Чековски.

Работнички „виси“, оставен е во рацете на луѓе на кои се чини клубот не им е приоритет, доколку продолжат да ги игнорираат проблемите, „црвено-белите“ ќе станат „топовско месо“ за сите прволигашки, како што беше случајот со дебитантот Феникс.

Навивачката група „Сити Парк Бојс“ пред крајот на сезоната редовно испраќаше пораки од сака, а по вчерашното соопштение денеска постави транаспарент пред Општина Центар – порака е јасна.

ПретходноПроектил од 15 метри: Најдобриот футсал голман има топ во нозете (ВИДЕО)
СледноОстана уште еден билет за полуфинале: Јакобсен со добри вести за Франција!