Исланд дојде до посакуваната победа над Црна Гора (24-34) во битката за полуфинале на Европското првенство. Но, патот до таму е до половина завршен, сега останува на „рибарите“ да навиваат за Данска на мечот со Франција за да го заверат билетот за главниот викенд во Будимпешта. Оваа средба се игра со почеток во 20:30 часот.
За оваа средба во составот се вратија, Арон Палмарсон, Бјарки Мар Елисон и Елвар Јонсон.
Магнусон со 11 гола од 15 обиди беше прв стрелец, Елисон запиша осум погодоци од исто толку обиди, на другата страна Милош Вујовиќ имаше 11 гола.
Исланѓаните на оставија ништо на случајност, од стартот наметнаа силно темпо. Поведоа со 2-7 во 12. минута, па со 4-12. Црна Гора успеа да спушти на минус пет, а потоа одново влезе во „машинеријата“ на Исланд, кој пред крајот на првиот дел имаше двоцифрено водство од 7-17.
Magnificent! 😍
Viktor Hallgrímsson once again shining for @HSI_Iceland 🇮🇸#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/QFaeX4mrfu
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2022
Црна Гора се обидуваше да се врати на мечот, заигра подобро, но негативата беше преголема. Исланд добро знаеше што значат бодовите од оваа средба. Одржуваше позитива од осум гола на стартот на втрото полувреме (12-20).
Избраниците на Зоран Рогановиќ со мини серија дојдоа на минус пет (16-21), но толку имаа сили, на крајот остануваат со една победа во главната рунда, која е голем успех за оваа селекција. Пред самиот крај Исланд повторно поведе со двоцифрена разлика (22-32) за печат на средбата.