Работнички минимално поразен од Краковија!

266

Работнички доцна попладнево, на својот втор меч во Анталија, доживеа минимален пораз од Краковија со 0:1 (0:0). Стрелец на голот за полскиот прволигаш беше Јаблонски во 53.минута. Како што рековме веќе, ова беше втора контрола за “романтичарите“ во Анталија, на првата тие триумфираа против Лвов со 1:0.

Инаку јасно е дека повредата на Арменд Алими и тоа како ги поремети плановите на стручниот штаб на Работнички на чело со Борче Христов. Искусниот играч за врска требаше да биде носител на играта на тимот, но Работнички на Алими ќе може да смета, поради тешката повреда на тетиватам дури за шест месеци.

Претходно„Бајката“ заврши: Скандал во стручниот штаб на Црна Гора
СледноГРК Охрид во пријателски меч ја победи Будва!