Марсијал потпиша за Севиља поради Лопетеги и Мончи

105

Францускиот напаѓач Ентони Марсијал го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Севиља бидејќи се чувствувал посакуван од тренерот на шпанскиот клуб Хулен Лопетеги и спортскиот директор Мончи.

„Желбата на спортскиот директор и тренерот ме убедија да дојдам во Севиља. Само сакам да играм фудбал и тоа ќе го покажам во мојот нов тим“, изјавил тој.

26-годишниот Марсијал, кој му се приклучи на Јунајтед во 2015 година, изрази намера да си замине оваа сезона поради малата минутажа што ја добива.

„Тренирам многу во последните неколку месеци. Се надевам дека ќе се претстави добро. Подготвен сум да играм. Можам да го направам тоа сега. За мене, најважно е да бидам на теренот и да помогнам со моето искуство за победи“, додаде тој.

ПретходноБрентфорд ќе го урне трансферниот рекорд за велшки репрезентативец
СледноПролет подобар од Тиквеш во единствената контрола пред вториот дел од сезоната