Во Исланд револтирани – бараат да се тргне данската круна од парламентот

761

Данска и покрај доминацијата на дуелот против Франција на крајот не успеа да дојде до триумфот и ја „црни“ судбината на Исланд. „Рибарите“ се надеваа дека светскиот првак ќе го добие дуелот со олимпискиот шампион, поточно ќе одиграат коректен и спортски натпревар.

Финишот на мечот беше фатален, во Исланд се толку револтирани што бараат да се симне данската круна од исландскиот парламент.

Политичарот Бјорн Леви Гунарсон одамна имал желба да се отстрани кралската круна од исландскиот парламент и да биде заменета со нешто автентично, исландско. Вчерашната елиминација на неговата земја беше доволна причина за да го оствари овој план, Исланѓаните се кренаа на нозе и испратија поддршка.

Останува да видиме дали сето ова ќе се спроведе на дело.

ПретходноОд понеделник, Федерер ќе го има најслабиот пласман на АТП листата во последните две децении
СледноДодека другите глава не дигнаа: Данска и после две недели на ЕП остана на еден позитивен на Ковид-19!