Добра вест за сите во таборот на Академија Пандев. Имено струмичани добија големо засилување со враќањето на капитенот Диме Димов во тимот. Имено одличниот стопер, еден од најдобрите фудбалери во А. Пандев, по цели девет месеци пауза поради рехабилитација од тешката повреда, конечно е со своите соиграчи во екипата и почна да игра. Димов на вчерашниот пријателски меч во Анталија против Лапи, одигра 75 минути и неговиот настап беше доста забележителен. Повредата е веќе минато, а на неговите враќање сите во клубот се радосни, секако најмногу стручниот штаб на чело со Ѓорѓе Стојчев.