Конечно. Фудбалерите и останатиот дел од експедицијата на Вардар, пристигнаа во Анталија, и тоа со големо задоцнување поради временски неприлики во Турција и проблем со авионските линии.
Контролниот натпревар против екипата на Полисија што требаше да се одигра денес е откажан и дополнително ќе биде одлучено дали ќе се одигра уште еден натпревар.
Во наредните денови вардарци во Анталија ќе се обидат да ја одработат целата предвидена програма на стратегот Никола Глигоров.