Косовецот во Наполи: Да бев Италијанец сега сите ќе зборуваа за мене

1174

Дефанзивецот на Наполи Амир Рахмани зборуваше за начинот на приспособување во клубот од Неапол и посочи дека доколку тој бил Италијанец сите ќе зборувале за него. 27-годишниот фудбалер пристигна во Наполи во 2020 година од Верона, сепак, на почетокот беше далеку од првиот тим, се мачеше да го убеди Џенаро Гатузо дека може да игра еднакво квалитетно како и другите дефанзивци. Оваа сезона е поинаку, тој е стандарден.

Знаев дека нема да ми биде лесно да се прилагодам на работата на топ клуб. Верона негова поинаков стил. Тие играат со тројца во одбрана и маркирање човек на човек“, изјави Рахмани.

Постојано велам, да без Италијанец, сега сите ќе зборуваа за мене, но за жал мојот национален тим не е популарен во фудбалски план. Сакам да кажам дека морам да вложам многу напор за да бидам забележан“, додаде Косовецот.

Рахмани е роден во Приштина, а играл за Дреница, потоа албански Партизани Тирана од таму во РНК Сплит каде што почнува неговиот подем. Од таму во Динамо Загреб, па преселба во Верона.

Има два настапи за Албанија, а потоа ја менува националноста и игра за Косово (43 настапи).

ПретходноКако изгледа патот на Македонија до СП 2023?
СледноПејтон Тајлер Чик ја засили Каменица Саса