Во Будимпешта ќе гледаме реприза од 2018: Шведска преку Франција до финале на ЕП!

201

Шведска е вториот финалист на Европското првенство, откако ја совлада Франција со 33-34 (14-17). Во Будимпешта во недела ќе гледаме реприза од ЕП 2018 година, кое и припадна на „фуријата“. Шведска ќе го брка петото злато на континенталното натпреварување, додека Шпанија оди по третата титула во низа.

Готфридсон и Пелас ја предводеа Шведска, заедно постигнаа 16 гола. Паличка беше одличен на голот во првиот дел имаше 12 одбрани и три гола. На другата страна Мине и Деска имаа по осум гола.

Старт од соништата за Франција, поведе со 5-1 по седум минути игра. Се чинеше дека олимпискиот првак лесно ќе чекори на оваа пресметка. На другата страна за полуфиналето во редовите на Шведска се врати Паличка, запиша седум одбрани и постигна три гола, го разбуди својот тим. Неговата репрезентација од минус три дојде на плус еден (10-11), а потоа на стартот на второто полувреме дојде до највисоко водство од пет гола 14-19.

Франција не падна на овој налет, дојде на минус два (18-20) во 38 минута. Готфридсон ја водеше Шведска не дозволуваше да падне неговата селекција. На почетокот на 50. минута, француските ракометари имаа негатива од четири гола (26-30), Јоханесон запиша две интервенции во низа. Шведска пропушти шанса за плус пет.

„Триколорите“ се обидуваа да го нарушат ритамот, намалија на два гола (29-31), а по погодокот на Јонатан Карлсбогард за 29-32, Жил Гијом повика тајм-аут на пет минути до крајот, истиот вроди плод, неговата репрезентација намали на еден гол 31-32.

Шведска успеа да дојде до позитива од два гола, а Паличка во вистинско време запиша нова интервенција и тоа кога неговата селекција имаше играч помалку, а водеше со 32-34. Франција дојде на минус еден и имаше напад за изедначување, Паличка ја фати топката за голема радост.

Финалето на програмата е во недела.

ПретходноКањелас со еден збор го опиша палсманот во финалето – НЕВЕРОЈАТНО!
СледноВулверхемптон донесе уште еден репрезентативец на Јужна Кореја