Прилеп дојде до нови три важни бодови во битката за опстанок во Супер-лигата. Избраниците на Горан Кузманоски на домашен терен го совладаа Астраион со убедливи 34-22 во рамките на 12. коло во плеј-аутот.
Домашните ракометари поведоа со 3-1, најголемата предност во првото полувреме беше четири гола (10-6, 16-12 и 17-13). Во вториот дел Прилеп со серија од 5-0 дојде на плус девет (27-18), на другата страна гостите беа немоќни, брзо го загубија здивот.
Бикоски со седум гола, Рустамов со шест и Манчески со пет погодоци беа најефикасни кај победникот. Ефтимов со шест и Стојанов со пет гола беа први стрелци на другата страна.
По ова коло, прилепчани имаат 24 бода, а дали ќе имаат предност пред КЛ7 ќе зависи од крајниот исход со Тиквеш, меч кој се игра во овој момент.