Станува интересно: КЛ7 го урна лидерот, предноста на Тиквеш е стопена

301

Дербито на 12. коло во плеј-аут лигата меѓу Голден Арт КЛ7 и Тиквеш ги исполни очекувањата, како победник излезе домашниот тим, кој славеше со 29-28 против лидерот и ја продолжи трката со Прилеп за местото кое носи опстанок.

Предноста на Тиквеш на лидерското место се стопи, сега има 25 бода, еден повеќе од Голден Арт и Прилеп.

Воведот на мечот им припадна на гостинските ракометари, поведоа со 3-7. Во продолжение одржуваа водство до три гола 8-11, но КЛ7 се врати во дуелот, пред крајот на првото полувреме изедначи на 13-13, кавадарчани со два гола во серија на одморот заминаа со плус два (13-15).

Вториот дел беше возбудлив, домаќинот со три гола во низа го сврте мечот, дојде до водство од 18-16, истата предност ја имаше и на три минути до крајот 26-24. Тиквеш не успеа да дојде до бод, во самиот финиш КЛ7 не искористи напад, но на голема среќа ниту гостите не се снајдоа најдобро.

Димовски со седум гола го предводеше својот тим, еден помалку имаше Гајиќ, додека пак Ѓорговски запиша пет погодоци. Смиљаниќ со осум гола беше прв стрелец на мечот.

На останатите средби, Работнички го совлада Младост со 30-24, додека пак Радовиш беше подобар од Јуниор К.В со 30-23.

ПретходноМанчестер Ј. ќе му понуди нов договор на Солскјер
СледноНе помогнаа ниту 10-те одбрани на Томовски, Лудвигсхафен загуби добиен меч