По триумфот над Хановер, Лудвигсхафен и Мартин Томовски не искористија шанса да дојдат до важни бодови во Бундес-лигата. Тимот на македонскиот репрезентативен голман го имаше во рака дуелот со Мелсуген, но падна во последните минути.
Нападот на Лудвигсхафен застана, истото се случи и со одбраната, противникот со серија од 6-2 направи целосен пресврт и славеше со 25-23.
Томовски запиша десет одбрани, една од нив од седум метри. На терено мина 53. минути и имаше успешност од 32%.