Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед Фил Џонс ќе прави трансфер. Го напушта „Олд Трафорд“, ја напушта Англија и оди во Франција во редовите на шесткратниот француски првак Бордо.
Според „Екип“ и други француски медкиуми, Бордо е во преговори со Јунајтед за да го донесе Џонс во своите редови како замена за Лоран Кошиелни кој го напушти клубот пред неколку дена. Се очекува преговорите успешно да завршат, а Јунајтед е спремен да го пушти Џонс на позајмица до крајот на сезоната.
Џонс е поранешен англиски репрезентативец, а пред Јунајтед играше за Блекбурн Роверс.
Инаку Бордо оваа зима донесе само еден нов играч, а тоа е централниот бек Марсело кој дојде како слободен од Лион. Тимот е на 17-тото место на табелата еден бод помалку од опасната зона.