Закарија е пред портите на Јувентус, се чека само Бентанкур да замине во Тотенхем

313

Италијанскиот гигант Јувентус постигнал договор и со Борусија Менхенгладбах за трансфер на швајцарскиот одбранбен фудбалер, Денис Закарија, објави новинарот Руди Галети.

Претходно денеска стана јасно дека „бјанконерите“ сакаат да го ангажираат Закарија сега, а не на лето кога тој ќе стане слободен играч, бидејќи неговиот договор истекува на 30-ти јуни. Во последните часови стана јасно дека „Старата Дама“ веќе се договорила со Закарија и неговиот агент за личните услови.

Гладбах ќе добие од Јувентус за Закарија 5 милиони евра плус дополнителни 2 во вид на бонуси, пишува Галети. Новинарот додава дека самиот фудбалер се договорил со „Старата дама“ за плата од 2,7 милиони евра по сезона, а неговиот договор со неговиот нов клуб ќе биде до 2026 година.

За трансферот да се реализира, сепак, мора да се исполни еден услов. Уругвајскиот играч за врска на Јувентус, Родриго Бентанкур мора да биде продаден. Бентанкур е на чекор од преселба во лондонски Тотенхем, но се уште ништо не е готово.

ПретходноБуркина Фасо по четвртипат избори полуфинале во Купот на африканските нации (ВИДЕО)
СледноДени Илиев се сели на голот на Тренчин