Седлоска повторно најдобар стрелец, Локомотива повторно поразена

182

Хрватска Локомотива претрпе пораз и во третиот настап во ЕХФ Европската лига за жени. Тимот на нашата репрезентативка Андреа Седлоска загуби на гостувањето кај норвешка Сола со 25:18 и остана закована на последното место на табелата.

Седлоска одигра уште еден добар меч за Локомотива реализирајќи три гола од 8 обиди и беше една од трите најефикански ракометарки во својот тим.

Шанса за прва победа Локомотива ќе има на 5 февруари кога дома ќе го пречека француски Безанкон.

ПретходноЕХФ ќе направи промена во термините за одигрување на полуфиналињата на ЕП
СледноБуркина Фасо по четвртипат избори полуфинале во Купот на африканските нации (ВИДЕО)