И Ван де Бек го напуштa Јунајтед – ќе игра за Евертон

332

Продолжуваат заминувањата од Манчестер Јунајтед. Четврти фудбалер го напушти „Олд Трафорд“ и отиде да ја гради кариерата во друг клуб. Да потсетиме Аксел Туанзебе отиде во Наполи, Антони Марсијал во Севиља, Амад Диало во Ренџерс и сите на позајмица. Се чека и Фил Џонс да ја прифати понудата на Бордо исто така на позајмица.

Петтиот фудбалер кој го напушта Јунајтед е Дони ван де Бек кој прифати да се пресели во Евертон како позајмен фудбалер.

Овој играч од средниот ред имаше две опции, Кристал Палас и Евертон, а на крајот ги одбрал „карамелите“ каде пред неколку дена на менаџерската позиција пристигна Френк Лампард.

Евертон ќе ја преземе целата плата на Холанѓанецот плус ќе плати извесна сума за позајмицата. Инаку тој ќе биде четвртиот нов играч на „Гудисон“ по левиот бек Миколенко, десниот бек Нејтан Патерсон и десното крило Ел Гази.

ПретходноЕгипет со пресврт го совлада Мароко и влезе во полуфиналето на Африканскиот куп
СледноПолицијата го уапси Гринвуд – младиот играч оди зад решетки