ПСЖ го сака Тео Хернандез, но цената е 40 милиони евра

317

Foto>Twitter

Дефанзивецот Тео Хернандез е на списокот на потенцијални засилувања на Пари Сен Жермен. Според „Билд“, Милан чека понуда од францускиот вицешампион, а според некои други медиуми била постигнат напредок во преговорите, меѓутоа сумата која Милан ќе ја побара од ПСЖ нема да биде помала од 40 милиони евра.

Францускиот интернационалец има договор со клубот од „Сан Сиро“ до 2024 година, а оваа сезона постигна осум голови и запиша исто толку асистенции во 45 настапи. Сепак, 23-годишниот фудбалер не се најде на списокот на Дидие Дешамп за ЕУРО 2020.

Тео е поранешен играч на Атлетико и Реал Мадрид, но се уште нема настап за Франција. Да потсетиме дека „росонерите“ го откупија од Реал за 20 милиони евра. Тој беше прогласен за играч на Милан за сезоната 2019/20 и се најде во тимот на истата сезона во Серија А.

ПретходноШалке сака експресен кам бек во прва лига, стигна провото засилување
СледноЛотито: Инзаги ме разочара, го чекав да потпише договор, а тој „избега“