Во контролен меч во Турција македонскиот прволигаш Академија Пандев одигра реми без голови против рускиот премиерлигаш Крила Совјетов од Самара. Во врнежливи услови, македонскиот претставник имаше многу добри шанси да го совлада противникот меѓутоа нивниот голман беше на висина на задачата. Посебно треба да се издвојат шансите во 3. и во 87. минута и дуели еден на еден со противничкиот голман кој излезе поуспешен од фудбалерите на Академија Пандев.
Ова е трет тест меч на „Пандевци“. Претходно загубија од косовски Лапи (2:0), а ремизираа со Нови Пазар (1:1). Наредниот меч на „Пандевци“ е против бугарска ЦСКА Софија на 31 јануари.
ФОТО: http://www.kc-camapa.ru/