Полицијата го уапси Гринвуд – младиот играч оди зад решетки

1313

Место да се фокусира на фудбалот и да напредува, тој направи глупост поради што ќе заврши зад решетки. Причината е физичко насилство на Мејсон Гринвуд врз неговата девојка Хариет Робсон. 20-годишниот играч сексуално ја вознемирувал, а потоа ја претепал. Но Хариет не молчеше, туку излезе во јавност и го покажа крвавото лице откривајќи каков „монструм“ е играчот на Манчестер Јунајтед.

А веднаш реагираше клубот од „Олд Трафорд“, го исфрли од првиот тим и му забрани да тренира и да игра натпревари додека трае истрагата. А веднаш потоа полицијата го уапсила Гринвуд и тој ќе одговара на обвиненијата за физичко насилство и сексуално вознемирување.

За Гринвуд ова е втор престап затоа што во септемврии 2020 година тој и Фил Фоден од Сити ги прекршиле протоколите кога повикале девојки на забава во хотел во Исланд. Гринвуд и Фоден се извинија за инцидентот. Но џабе, „Дејли меил“ откри дека Гринвуд организирал домашни забави за време на локдаун поради коронавирус на тајна адреса.

Ова е капак на проблемите за Гринвуд кој може да заврши и во затвор и да остане без спонзорски договори.

ПретходноИ Ван де Бек го напуштa Јунајтед – ќе игра за Евертон
СледноРистовски и Адеми подобри од Велковски во хрватското дерби