Уште една голема драма во Будимпешта, како што заслужува едно европско финале. Шпанија и Шведска на дело покажаа зошто се најдоа во битката за златен медал, кој пак им припадна на ракометарите на шведските ракометари кои после 20 години успеаја да се искачат на тронот, славеа со 26-27 со голот на Екберг од седум метри.
За новиот европски првак ова е петти златен медал на континенталните натпреварувања со што се зацврсти на вечната листа. На другата страна „фуријата“ имаше шанса да испиши историја и да дојде до хет-трик, но не ги искористи шансите.
Херојот Екберг со пет гола беше прв стрелец во редовите на својот тим, на другата страна Гомез запиша шест погодоци.
Дуелот почна во знакот на шведските ракометари, поведоа со 2-0. На голот беше одличен Паличка, кој во овој дел успеа да се запише во листата на стрелци. Оваа позитива ја одржуваа до 22. минута. По 11-9, актуелниот првак предводен од Тарафета, Фигерас и Фернандез, со серија од 1-5 На стартот на второто полувреме поведе со 12-14.
Crazy saving from Andreas Palicka again! 😮@hlandslaget 🇸🇪 #ehfeuro2022 pic.twitter.com/cLnBEjke08
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
Беше повеќе од јасно дека водството на Шпанија нема да трае долго, на друагата страна шведските ракометари во 43. минута со голот на Петерсон ја вратија позитивата (20-19). На средината на второто полувреме, не искористија две шанси да дојдат на плус два, па Шпанија преку Гомез израмни на 22-22 за драма на десет миниту до крајот.
Се чекаше една од екипите да направи поголем кикс за да може да почне да чекори кон триумфот. Готфридсон, па Ване, зголемија на 25-23, во период во кој имаа играч помалку. Паличка човекот кој е една од главните причини за местото во финалето, по голот на Ване, запиша нова одбрана, неговите соиграчи не искористија нова шанса за плус три.
🔥🔥🔥 This final!!!! @hlandslaget 🇸🇪 #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/E5IMSSWhL9
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
Ова беше доволна причина за целосен кам-бек на Шпанците, Фигерас, Де Варгас и Кањелас приредија пресврт и израмнија на 26-26. Кањелас не успеа да го реализира последниот напад од регуларниот дел за водство, на другата страна на десет секунди до крајот Екберг од седум метри го совлада Де Варгас за голема радост.
💪 The winning goal for @hlandslaget 🇸🇪, by Niclas Ekberg#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GUy2qxNVCz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022